Вести Забава Свет

Младите добитнички на ЕМИ- престари за Ди Каприо, победија Наследници, корејскиот хит  Игра на лигњите стана прва азиска серија со ЕМИ, Мајкл Китон не доби Оскар, но стигна до ТВ статуетка

Серијата на „ХБО“ – „Наследници“ (Succession) освои „Еми“ за најдобра драмска серија, а на 74. доделување на најпознатите телевизиски награди „Белиот лотос“ (The White Lotus) е прогласена за најдобра мини-серија. „Тед Ласо“ го доби телевизискиот пандан на Оскарите за најдобра хумористична серија.

Актерскиот тим во ТВ-серијата „Наследници“ го предводи Брајан Кокс во улога на глава на семејство што се бори за поголем удел и контрола во медиумскиот простор. Серијата поради темата но и извонредниот тим и сценариото и пред доделувањето важеше за главен фаворит за најпосакуваната ЕМИ статуетка.

Во конкуренција за најдобра драма беа, меѓу другите, и сериите корејскиот хит „Игри со лигњи“ (The Squid Games), „Повикај го Сол“ (чија последна сезона беше емитувана на AMC) и „Еуфорија“.

Иако планетарниот хит од Кореја, не се искачи до највисоката награда, сепак се закити со две главни награди. Ли Јунг Џеј е прв Азиец кој доби ЕМИ како најдобар глумец во драма за главната улога во ТВ-серијата „Игра со лигњи“. И Хванг Донг-хјук, кој ја продуцираше, напиша и режираше светски популарната преживувачка авантура, освои „Еми“ за режија.

71-годишниот Мајкл Китон пак доби награда за улогата во филмот “Dopesick”. Легендарниот актер за првпат освојува ЕМИ, а пред 7 години му „избега“ Оскарот за улогата во филмот „Човек-птица“ (Birdman).

Комедијата „Тед Ласо“ со своите главни ѕвезди – Џејсон Судејкис и Брет Голдстин ги доби одличјата и за најдобра главна и споредна машка улога, по вторпат во конкуренција за актери во комедии.

Наградата за најдобра глумица во комедија ја доби Жан Смарт за улогата во серијата „Комичари“, а Зендеја е прогласена за најдобра актерка во серија-драма за улогата во „Еуфорија“, популарната серија за животот и забавата на младите.

Поради младоста (во серијата глуми средношколка), односно „староста“ и 26-годишната возраст, Зендеја беше главен лик и во шегата кажана на бина на доделувањето на наградите.

Водителот, комичарот Кенан Томпсон се пошегува на сметка на актерот Леонардо ди Каприо во воведните секвеци на шоуто.

„Зендаја штотуку наполни 26 години минатата недела, среќен роденден“, рече Томпсон, гестикулирајќи кон актерката, која подоцна ја доби наградата за најдобра актерка во драмска серија.

„26 е чудна возраст во Холивуд. Мислам, ти си доволно млада за да глумиш средношколка,  но премногу стара за да излегуваш со Леонардо ди Каприо”, додаде водителот.

ЕМИ повторно покажа возбудлива мода на црвениот тепих, а телевизиските награди се почесто ги добиваат како и на ова 74-то издание, серии од стриминг сервисите и од кабловските телевизии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе