Вести Македонија Најважни

Неказнето сексуално вонемирување – жртвите се плашат да пријават во полиција

Сексуално вознемирување во парк во Тетово. Објава на социјалните мрежи во која жителка го споделува искуството на момчето кое спасило девојче од група тинејџери, ги вознемири тетовци.

Во полицијата нема пријава, но и воопшто никој во изминатитие две години не пријавил психичко или физичко сексуално вознемирување. Женските лица пријавуваат само кога компромитирачки содржини за нив ќе бидат видливи на социјалните мрежи.

Елементи на вакво вознемирување препознаени и адекватно се санкционирани најчесто во пријавени случаи на злоупотреба на лични податоци преку социјалните мрежи, каде поединци перфидно им се заканувале или отворено им вршеле притисок, пред се на помлади женски лица да започнат љубовни врски или да ги продолжат веќе прекинатите љубовни врски со нив, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

 

Психолозите велат дека има повеќе случаи на сексуално вознемирување, но поради страв, предрасуди и стигма често не се пријавуваат. Дополнително жртвите немаат верба во институциите.

 Не било пријавено заради несигурноста на родителите. Прво ќе биде стигматизирано, ние сме полни со предрасуди, дека некој ќе биде обележан. Зошто тоа да се случува на моето дете, зошто мене да ме зборуваат. Втора работа колку ние веруваме на институциите, колку веруваме дека некој ќе биде казнет“, вели Билјана Радическа, психолог/психотерапевт.

За одредена појава да се спречи и да се превенира прво треба да се разговара за тоа и да се подигне свеста кај населението, за да пријавуваат било какви случаи на насилство, велат психолозите.

Битно е да се отвори тема, да отворат дебати, да се разговара по училиштата, институциите, медиумите. Да се разговара зошто тоа нас ни се случува, како почнува, тие насилници некаде научиле некакво насилство или биле жртви на некое насилство кое било скриено, за тие да станат насилници, вели Радичевска.

Граѓанските здруженија пред една недела преку протестен марш, алармираа дека насилство врз деца и жени има и во Тетово, откако во јавноста се обелодени случајот на силување малолетничка во Приштина. Побараа поголема ажурност на институциите.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе