Вести Македонија Најважни

Како увозно зависна земја Македонија за два месецa ќе се соочи со недостаток на млеко, предупредуваат производителите

За два месецa земјава ќе се соочи со сериозен недостаток од млеко, предупредуваат дел од производителите. Велат дека и во моментов има проблем со овој производ, а за скоро време  кризата ќе се продлабочи.

Домашното производсто е мало, а нема да има ниту од каде да се увезе. Стравуваат дека пред маркетите ,  ќе се врати сликата од 80 тите години кога со часови граѓаните чекале за  да ги купат основните производи за дома.

  • Во земјава веќе е влошена состојбата со млеко, не мислам дека е добро, помалите стада завршија, изчезнаа, ги нема. Ние секогаш  сме биле увознозависни, а сега уште повеќе. Мислам дека за месец,  два ќе има недостаток на млеко сигурно и сега има, но дорпва ќе биде уште полошо. И ќе нема од кај да се донесе и ќе има редици за млеко, знаете ли во 80 тите години како се чекаше за млеко по продавници е таков недостаток ќе има- Јетон Зекмани-млекопроизводител.

Велат домашното производство секоја година  е се помало, а се стравува дека и   уште повеќе ќе опаѓа.

  • Тој што ги продал кравите  кои опстојуваа  фарми и повеќе од 40 годни  никогаш повеќе нема да се вратат и никој  не води грижза за тоа- Јетон Зекмани- млекопроизводител. 

Од министертвото за  земјоделство  потврдија дека има пад  кај производство, кој е најголем  во 2021 година. Но, од таму смируваат дека граѓаните не треба да се грижат, состојбата  се следи и  млеко и млечни прооизводи ќе има во доволни количини.

Поради недостаток , Србија веќе донесе одлука да го ограничи извозот на млеко и одредени млечни производи. Ваквата одлука се носи затоа што веќе неколку дена има недостаток во маркетите. Сепак, одлуката на Србија не важи за Македонија и Албанија-   земјите кои се дел од Отворен Балкан.

И , на самитот во Белград беше потенцирано дека  сите вакви одлуки кои ќе се носат во рамките на отворен балкан нема да важат за земјите од регионот,  за да може да се испорачуваат производи онаму каде што се најпотребни.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе