Најмалку 22 лица загинаа, а 50 се ранети во руски ракетен напад на железничка станица во местото Чаплино во централна Украина,.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски веста за нападот ја сподели во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН.
„Штотуку добив информација за пад на руска ракета на железничка станица кај Дњепропетровск, на вагони на станицата Чаплино. Се запалија четири патнички вагони“, рече Зеленски на почетокот на својот говор.
Нападот се случи додека Украина го слави Денот на независноста, со што се одбележува прекинот на врските со СССР во 1991 година. Земјата влегува во седмиот месец од војната со Русија која започна на 24 февруари.
Зеленски претходно рече дека Украина ќе се бори „до крај“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
