Вести Македонија Најважни

Млад Беровчанец починал од компликации по интервенција на загноен заб во Штип

25 годишен беровчаец починал откако му се искомплицирала здравствената состојба интервнција дренажа и лечење на воспален и загноен заб.

Роднини и пријатели на младиот Јован Димовски гневни на соијалните мрежи споделија сомнеж дека почнал од сепса поради погрешно поставен дрен.

„Само во нашата држава ,само со нашето здравство, само со нашите “професионални” доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен стаж да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години…..СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!!  Каде живееме ние,какво здравство имаме,дали веке еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница“ – се вели во една од објавите на социјалните мрежи.

Од штипската болница изразија жалење и го објавија извештајот на лекарот кој го лекувал младиот беровчанец.

Според него Димовски прв пат на 14 август дошол во максило-фацијална хирургија во штипската болница со воспалена гнојна состојба на десната страна од вратот која според докторот потекнувала од забот.

Му дал инфузија, направена е ренген снимка и му бил изваден забот за да може да се врши дренажа.

По ова имало подобрување на состојбата  и за три дена бил пуштен дома со уреден наод и препишана терапија.

И на контрола состојбата била уредна пишува во извештајот на докторот но на 23 август во раните утрински часови Димовски со брза помош бил донесен во штипската болница во тешка состојба.

Кардиоваскуларно нестабилен, фебрилен, со локален  наод – крваво-гноева секреција од инцизиона рана на врат како и од устата. Итно внесен во операциона сала, интубиран и започната интервенција. Поради сериозноста на состојбата, итно е повикана помош од УК Максилофацијална хирургија. Оперативниот зафат е завршен околу 10 часот. Пациентот е сместен на Одделот за интензивно лекување поради септичната состојба и натамошна опсервација. Во раните утрински часови поради влошување на општата состојба, организиран е итен транспорт на КАРИЛ“ –тврди болницата во Штип.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат најавија дека ќе иницираат вонреден инспекциски надзор во клиничка болница во Штип за да проверат како бил лекуван  и дали има пропусти при лекување на младиот  Димовски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе