Вести Македонија Најважни

Почна чистењето кај Треска која изгоре во се уште нерасветлен пожар и остави опасни материјали во центарот на Скопје

Герасимовски изјави и дека моменталната состојба на просторот на фабриката особено по опожарувањето пред 5 месеци освен што преставува извор на зараза за жителите кои живеат во околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општина и градот. Тој се осврна и на азбестот и неговото негативно влијание по здравјето на граѓаните.

„На територијата на „Треска“ има околу 40 000 метри квадаратни азбестен кров, кој исто така беше зафатен во пожарот. Уште тогаш кажав дека час поскоро, напуштениот индустриски капацитет треба да се расчисти. Отстранувањето на објектите и чистењето на целиот простор ќе го вршат самите сопственици, кои претходно до општината доставија барања за отстранување на објектите и начинот како истите ќе бидат отстранети. За чистењето на просторот, сопствениците на објектите имаат ангажирано и приватна компанија за надзор која ќе дава логистика за безбедно отстранување на азбестот, шутот и ѓубрето настанато пред и после пожарот и за сето тоа време тие ќе бидат под надзор на инспекциските служби за животна средина од Општина Центар“, рече Герасимовски.

Чистењето на просторот кај „Треска“ ќе се одвива плански и во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестните покриви, потоа ќе се срушат дотраените објекти, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крај, на целиот простор ќе се изврши дезинсекција, дезинфекција и дератизација, од причина што во комплексот врие од глувци, змии и други штетници, кои се исто така извор на зараза.

Герасимовски појасни дека отпадот ќе биде депониран во Дрисла, каде ќе биде соодветно уништен. Тој очекува депонијата во срцето на Центар која е сериозна закана по здравјето и животот на граѓаните да биде расчистена за неколку недели.

Во врска со ДУП-от со таканаречените згради наполитанки згуснати над плацот во Треска, Герасимовски вели дека е активен и дека неколку инвеститори и сопственици веќе барале дозволи за градба, а процедурата за промена на тој ДУП е во тек, но актуелниот е важечки и се постапува по него до евентуална промена.

На крај Герасимовски побара поддршка од институциите за поскоро донесување на регулациски план кој неколку години е во процедура во град Скопје за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката.

„Градот Скопје веќе извесен период води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З (запад) 11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување и заедно, да решиме еден голем проблем за простор кој долги години е руиниран и запуштен“, заврши Герасимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе