Барел нафта утрово се искачи на 101, 5 долари на лондонската берза.
Пазарот на нафта реагираше откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници најавија можност да го намалат производството доколку ситуацијата го бара тоа.
– ОПЕК + има доволно простор за маневрирање за да се справи со предизвиците, вклучително и намалување на производството – изјави министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман во интервју за Блумберг.
Доларот пак деновиве има рекордна вредност во однос на еврото односно се израмни денеска откако вчера по вторпат оваа година имаше поголема вредност од европската валута.
Двата параметри, цената на барел нафта и односот долар/евро се главни показатели за определување на цената на нафтените деривати во Македонија.
