Вести Македонија Најважни

Без медиуми-почна расправата по жалбата на Вилма Русковска во Советот на јавни обвинители

Денеска во советот на јавни обвинители се разгледува жалбата на суспендираната обвинителка Вилма Русковска.

Како што јавува новинарот на Телма Павле Беловски, членовите на советот се во салата за седници каде ќе се разгледа жалбата на Русковска. Не е присутен државниот обвинител Љубомир Јовевски кој ја изрече суспензијата на Русковска за да не влијае на постапката.

Веднаш по отварањето на седницата, советот ги отстрани медиумите од салата по барање на обвинителстцото затоа што ќе се разгледуваат информации од предистражна постапка.

Повеќе детали за седницата во Вестите на Телма и на telma.com.mk.

Суспензијата на Русковска дојде по судирот со директорот на финансиската полиција Арафат Муареми и претресот во финансиската полиција. Муареми се повлече, а вчера беше назначен нов в.д. директор, Горан Иванов, додека владата го разреши и државниот правобранител Фехми Стафа кој си поднесе оставка од лични причини.

Беа во судир за конфискацијата на Трансмет и за несудената конзулка Бесмира Ејупи- владата ги разреши во ист ден откако си поднесоа оставки

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе