Вести Македонија

Беса победи во Тетово, Алијанса без ниту еден советник, ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Во Советот на Тетово влегуваат само 6 партии, од вкупно 13 листи со кандидати за советници, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија.

Според број на гласови, процент на гласови и советници, БЕСА е апсолутен победник бидејќи сите овие параметри ги подобри од ланските избори, кога имаше 8 советници, а сега има 12.

Иако ДУИ изгуби, а има и помалку гласови од лани, во процент на гласови порасна, а сега има и еден советник повеќе, односно 11.

ВМРО-ДПМНЕ остануваат со четири, СДСМ со два советника.

Но ВМРО-ДПМНЕ иако има помалку гласови го зголеми процентот на освоени гласови и сега имаше над 11% освоени гласови (лани 10,6 %), додека СДСМ го намали бројот на гласови и процентот.

Дел од новиот состав ќе биде и 1 советник на Алтернатива, која на предходните избори настапуваше во коалиција со Алијанса за Албанците, која, пак, сега за само 15 гласа не успеа да обезбеди место во Советот, а во предходниот имаа 3.

Еден советник помалку има и ДПА.

Само 31 глас им недостасуваше за влез во Советот на независната листа Подобро за Тетово, која минатите избори имаше 2 советници.

За ВМРО ДПМНЕ овие избори се вовед во предвремени парламентарни избори.

Новите советници на СДСМ, пак, велат дека ќе бидат гласен коректив на мнозинството во идниот совет.

Победата синоќа БЕСА ја прослави на тетовскиот плоштад.

Лидерот на ДУИ, пак, призна пораз.

„Неучеството е многу високо на овие избори, за жал и во погрешно време, но ова е демократија и ние ја почитувавме. Но ме радува фактот дека немало ниту еден инцидент, а нас ни останува како најголема политичка партија кај Албанците да ги поправиме нашите грешки и да се фокусираме на наредни избори“ – изјави Ахмети.

Од Државната изборна комисија информираа дека рокот за приговор завршува во понеделник во 19 часот, а рокот за сумирање и објавување резултати е до вторник.

Инаку, вчера во Тетово гласале 29 690 граѓани од вкупно запишаните 84 072 што е излезност од 35,3 %. На минатогодишните избори излезноста беше 44,8 %.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе