Вести Македонија Најважни

БЕСА го победи ДУИ во Тетово, а поразот го призна и Али Ахмети. ВМРО-ДПМНЕ убедлива пред СДСМ

-Благодарам Тетово, благодарам тетовци, им благодарам на активистите на Беса, ова е голема победа за нашата политичка опција, изборите во Тетово на кои победивме се доказ дека граѓаните ги поддржуваат промените што ги почнавме во Општината- рече лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами кој прогласи победа на изборите за Советот на Општина Тетово и побара вонредни парламентарни избори.

БЕСА и Касами ја прославија победата со зурли тапани и ора додека во партиското седиште во Мала Речица поразот го призна и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој соопшти дека БЕСА има повеќе гласови но има и намален одзив на гласачите.

На ланските локални избори имаше над 38% излезност додека на сегашните одзивот е нешто повеќе од 33 % или околу 10.000 гласачи помалку излегле на избирачките места.

Лани победи ДУИ која имаше над 10 илјади гласови, а БЕСА освои 8.367.

ВМРО-ДПМНЕ како и лани е трета по број на гласови и повторно е убедлива пред СДСМ. Влатко Ѓорчев процени дека разликата е дупла и дека покажува опозициско водство и граѓански знак за нови парламентарни избори.

СДСМ го подобри пласманот од лани, но го намали бројот на гласови. Владеачката партија пак победи за градоначалник во Маврово и Ростуше, а нивниот коалиционен партнер од турската партија победи за градоначалник во Центар Жупа (имаше само еден кандидат).

Во Тетово пак е забележан пад на гласовите на Алијанса и Алтернатива (лани беа во иста коалиција и освоија 3.912 гласови ), а сега во  водство меѓу двете партии е Алтернатива на Гаши, која пак има сличен резултат како ДПА на Мендух Тачи.

Пад во бројот на гласовите забележа и граѓанската листа на еколошките активисти од Тетово додека Левица засега е на сличен процент како и лани.

ДИК се уште ги пребројува гласовите во Тетово.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе