Вести Македонија Најважни

Се бројат гласовите од изборите за Советот на Тетово – гласале 33% од граѓаните со право на глас

Заврши гласањето за нов состав на Советот на Општина Тетово. До 18.30 часот гласале 27 776 граѓани, од вкупно 84.072 со право на глас, односно 33%. Се гласаше на вкупно 117 избирачки места.

Според податоците на Државната изборна комисија во Тетово имало 43 приговори за лично избирачко право, прифатени се 38, одбиени се  2.

Секретарот на тетовската општинска комисија, Назми Даури, вели дека изборите течеле во мирна и демократска атмосфера, со мали технички недостатоци, а било интервенирано и на местата каде имаше листи со опис на избирачки места само на албански јазик.

Во општинската зграда се носат изборните материјали, по што ќе се пребројуваат гласовите и ДИК ќе ги објави првичните резултати.

И во партиските штабови веќе се бројат гласови. Влатко Ѓорчев веќе прогласи побада на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ ќе ги ги чека конечните резултати, па прес конференција најави за утрешниот ден.

Инаку, во досегашното мнозинството во Советот покрај Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците беа и двајца советници од иницијативата „Подобро за Тетово“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе