Вести Македонија Најважни

Русковска:„Мојата суспензија е суспензија на правото и правдата“

На советот на јавни обвинители им испорача жалба на суспензијата, на новинарите интервју, а за јавноста испрати порака – „ Не се суспендира Вилма Русковска туку прравото и правдата во државата“. Сепак првата обвинителка во борбата против корупцијата не сака да верува дека политиката и или политичрите и вршат прогон.  Вилма Русковска е уверена дека после дисциплиснката против неа и двете соработнички нема да има обвинител кој ќе се нафати да гони функционерски криминал и злоуптреби.

Прво сакам да изјава дека ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска, ова го сметам за суспензија на правото и суспендирање на правдата. Без разлика што имаше соопштение дека предметите ќе продолжат со несмален интензитет а после ова што мене ми се случи дека било кој колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите предмети“ , изјави Русковска.

Се чуствува безбедно, а на новинарско прашање одговори дека верува дека оваа влада не и прави притисок, а на новинарите им порача да истражат која стој зад овие превирања во обивнителскиот врв.

Не сум рекла дека сакам да бидам обвинител на Северна Република Македонија. Сите знаете дека тој е предлог на владата. Не верувам дека ќе бидам нивни предлог. Од сегашната влада не е притисок. На почетокот од владата имаше соопштение дека ја поддржуваат бробата против корупцијата. Затоа сметам дека асполутно не доаѓа од оваа влада. А ние сме многу влади претходно, вели Русковска.

Русковска, откако заработи дисциплинска и наредба за оддалечување од функцијата а денеска обжали реагираше дека јавнотот обвинтиелство не го проверувале работењето на ГОКК туку само предметот против финансиката полиција за кој добиле и укажување, спротивно на законот вели Русковска. Оттогаш не комуницра со државниот обвнител Љубомир Јовевски, а од пред советот на јавни обвинители проача дека претресот го определил судот. Таа го барала затоа што управата не им ги предала предметите кои ги бараат.

Според Законот за кривична постапка иамме право да бараме казнување на инстутицјата и одгворното лице. Тоа исто така мислев да го сторам вчера. Бидејчи вчера е точно еден месец како е извшрне претрес. Ние дадовме 15 дена, но еве да бидеме луѓе и да бидеме флексибилни и мислев во текот на вчерашниот ден да напишам ургенција по што би барала судот да определи казна на институцијата, истакна Русковска

Од управата за финансиска полиција во којашто е исрпазеното директорското место по заминувањето на Арафат Муареми реагираат дека Русквоска зборува невистини и не барала 300 предмети туку тоа што го побарала и било доставено.

Седум дена по претерсот и барањето, односно на ден 25.07 година кога Управата за финансиска полиција излезе со соопштение во јавноста во кое што информиравме за претресот и поднесени претставки поради сомнение за злоупотреби од страна на обвинителката Вилма Русовска, во 14:00 часот во Управата пристигна допис со кој што се бараше Управата ВЕДНАШ да ги достави дотогаш прибраните предмети и списи. Управата за финансиска полиција во тој момент располагаше со обезбедени 35 предмети оформени по „анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на одговор на барањето “ и тие предмети беа веднаш доставени Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштенито од УФП.

Русковска води две преистраги, а веќе почнала да повикува сведоци и за недоследносите во управата за финансиска полиција, но и за станицата за технички прегледи, истраги кои сега ќе се успорат. Но, оваа ситација и превирања спроед неа не се идентиечни како со Катица Јанева која таа гонеше, бидејќи Русковска тврди дека не сторила прекршување на законот. Додека таа минвуа ни здолга и бавна дисциплинската постапка со право на жалби, не сака да коментира дали исходот ќе биде разрешување. Ќе ја менува колешката Лиле Стефанова, а по заминувањето од управата во финансиактпа олиција Арфат Муареми привремно го менува Бесим Деари.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе