Човечка грешка најверојатно е причината за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија, соопштија бугарските власти. Заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов соопшти дека увидот покажал дека на тој дел од делницата нема други пречки и нерамнини кои би предизвикале скршнување на автобусот. Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето“, рече Сарафов.
Ваквите тврдења се поткрепени и со директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот. Според дел од патниците возачот го изгубил вниманието кога се обидел да му помогне на еден родител да го крене седиштето за своето дете“. Во тој миг автобусот излета во каналот кај градот Стара Загора.
Не беше ништо поинаку од кога доаѓавме. Не забележав дека вози побрзо одошто се вози по автопат.
Дали возачот заспа ?
Не, сигурно не, затоа што ние пред тоа правевме пауза и тргнавме од пумпата. Сигурна сум не беше заспал.
Сега како се чувствувате ?
Сега сум добро. Малку се уплашив имаше многу деца кои беа потресени, но сега сме добро. Фала му на Бога што сме сите живи и здрави и ова ќе помине.
Возачот на српскиот автобус кој се преврте кај Стара Загора на автопатот „Тракија“ е задржан во 24-часовен притвор.
На возачот, српски државјанин, му е наредено да не ја напушта Бугарија додека трае истрагата за причините за несреќата.
Според експертите за безбедност на патиштата покрај тоа што српскиот возач изгубил контрола над автобусот, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија решил да отпатува за да земе деца навечер, што не е дозволено.
Според бугарските здравствени власти две од децата кои патувале со автобусот се во потешка здравствена состојба и над нив се очекува да биде извршена хируршка интервенција, а останатите патници се во добра здравствена состојба.
За едно дете кое вчера беше во потешка состојба имавме голем притисок сега е стабилизирано, контактира и во свесна состојба е ќе подлежи на оперативна интервенција, сега се подготвува и ќе патува во Софија на Детската хирургија. Другото детенце кое имаше трауматичен шок и беше од утрово е да речеме во различна потешка состојба ќе биде пренесено на Детска неврохирургија во Пирогов. Останатите деца се добри. Има еден возрасен пациент на кого ми е ампутирана една нога но и тој е во стабилна состојба, изјави бугарскиот Министер за здравство Асен Меџидиев.
Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, кој е во Стара Загора, ги посети децата кои престојуваат во еден од хотелите во градот.
Во текот на ноќта извршен е хируршки зафат, оперирано е едно дете кое сега се чувствува сосем добро. Имаме едно дете со повреда на главата и договорено е наредните неколку часа да биде префрлено во Софија, бидејќи потребно е следење и мониторинг на неговата здравствена состојба, истакна српскиот Министер за здравство Златибор Лончар.
Во автобуската несреќа која се случи нешто по 20 часот на автопатот Тракија се превезувале вкупно 49 патници, од кои 38 биле деца, а 11 возрасни.
Нина Стефанова
