Вести Најважни Свет

АСЕАН предупредува дека ситуацијата во Тајван може да доведе до отворен конфликт

Ситуацијата во Тајван може да доведе погрешни пресметки, сериозна конфронтација, отворени конфликти и непредвидливи последици за големите сили, предупредија денеска министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) од средбата во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.

На светот итно му е потребна мудрост и чувство на одговорност од страна на сите шефови на држави за поддршка на мултилатерализмот и мирниот соживот, се наведува во соопштението на АСЕАН.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска во Пном Пен ќе се сретне со претставниците на АСЕАН, како и со американскиот колега Ентони Блинкен.

Кинеската армија денеска ги почнаа најголемите воени вежби во нивната историја околу Тајван, по 24-часовната посета на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајван.

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека во текот на ноќта неидентификувани авиони, најверојатно беспилотни летала, прелетале над регионот на островите Кинмен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе