Вести Македонија Најважни

Захарова: Донацијата на тенкови од Скопје за Киев е голема грешка

Русија смета дека е голема грешка одлуката на властите на Македонија да ѝ донираат на Украина тенкови Т-72, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Иако станува збор за застарена опрема, со донацијата, наведува Захарова, се дава поддршка за „продолжување на криминалните активностите на режимот во Киев“.

И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна“ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје а Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои исповедаат демократија, слобода и човекови права треба да го знаат тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Северна Македонија, вели Захарова во изјавата објавена на веб страницата на МНР на Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе