Ракомет Спорт

Ракометарките продолжуваат против Шведска

Нема пауза за македонската женска ракометна репрезентација на Светското првенство за младинки што се одржува во Скопје.

Составот предводен од селекторот Љубомир Савевски вечерва од 20 часот и 30 минути во арената Борис Трајковски против Шведска ќе го одиграат првиот натпревар од Главната рунда.

Со евентуална победа селекцијата на Македонија ќе го обезбеди пласманот во четвртфиналето со што ќе ја продолжи борбата за медали.

Нашите ракометни надежи и денеска очекуваат поддршка од трибините, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе