Вести Македонија Најважни

Муареми: Претресот беше незаконски, тенденциозен и со цел да ми попречи во работата и да се заштитат лични интереси

Лични причини и заштита на нечии лични интереси, ова се дел од причините кои директорот Арафат Мауреми ги смета како мотив, и позадина, поради кои бил извршен незаконски претрес во Управата за финансиска полиција по анонимна пријава со барање за претрес, без докази, и со лажни податоци.

Претресите беа тенденциозни и со единствена цел – да се наруши мојот личен углед, угледот на целата институција, да се доведат во прашање сите сегашни а и идни постапки/ предмети кои Управата ги води, а се со цел да ги зашити интересите на нејзини блиску луѓе, пријатели, соработници за кои во Управата постојат предмети. Дали претресот е начин Вилма Русковска да дојде до предметите кои што Управата ги работи, и да изврши директен увид во тие предмети, со оглед на тоа дека бара да и се достави целокупната документација? праша муареми.

На брифингот со новинарите Муареми најави и кривични пријави за трите обвинителки, Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа.

Русковска бара странска помош за „загрозувачкиот притисок“ од Муареми кој е владин претставник под истрага додека истраги има и против други функционери

Муареми рече дека при претресот обвинителството излегло од наредбата за претрес која ја добиле. Една од незаконитостите е и дека не смееле да вршат претрес без присуство на Министерот за финансии или негов претставник, бидејки управата е под ова министерство.

Од позиција на моќ, злоупотребувајќи ја својата функција, ова што Вилма Русковска го направи не е нешто ново, ова не е исклучок. Ова е патерн на нејзино однесување и делување. Кршење на закони, злоупотреби, закани ќе се сетите на пораката на судијата дека ќе го истресе од гаќи и сл, рече муареми.

Директорот на Финансиска полиција, потенцираше дека не е задоволен од соработката со Обвинителството за организиран криминал и дека дел од големите предмети кои ги сработеле стојат во фиоки, или се отфрлени од обвнителството предводено од Русковска.

Зошто ОЈО ГОКК од нас не побара да се извршат проверки во актуелни истраги ( да се испита потеклото на парите за Мијалков, за Груевски, за Орце Камчев), а експресно постапи по оваа анонимна пријава и дојде претреси, неосновано и незаконски, да прави, прашува муареми.

Муреми ги негираше и тврдењата на Русковска во медиумите и застана на линија на Јовески, кој утврди низа неправилности за претресот. Републичкиот обивнител не се мешал во нејзината работа по конкретни предмети туку надзорот е напраен по претставка за нејзиното обивнителско постапување. Според него, не е точна ниту нејзината изјава дека имало 300 предмети од анонимен пријавувач во финансиска полиција, ниту дека постои можност да се поднесе жалба до кривичен совет за наредба за претрес.

Русковска пак во кратка изјава за Телма вели дека не коментира туѓи изјави и дека секој има право да поднесе кривична пријава против било кого.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе