Вести Свет

Рускиот Врховен суд го прогласи украинскиот полк „Азов“ за терористичка група

Врховниот суд на Русија денеска го прогласи украинскиот полк „Азов“ за терористичка група, пренесуваат западните медиуми повикувајќи се на извори од судот.

Единицата за специјални операции „Азов“, која има екстремно десничарски и ултранационалистички корени, е една од најпознатите украински воени формации кои се борат против Русија во источна Украина.

Русија долго време се повикува на членовите на овој батаљон во своите тврдења дека со Украина управуваат „фашисти“, а Москва милитантите од таа формација ги споредуваше со нацистите од Втората светска војна.

Многу членови на „Азов“ беа заробени по падот на Мариупол, по опсадата што траеше речиси три месеци.

Официјални лица на самопрогласената Народна Република Доњецк, кои го окупираа Мариупол, во мај објавија дека заробените милитанти на „Азов“ може да бидат осудени на смрт, според законите на ДНР.

Русија не спроведува смртна казна, но откако беше исфрлена од Советот на Европа во февруари, поранешниот руски претседател, а денес заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитри Медведев, изјави дека тоа е добра можност да се врати таа казна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе