Вести Македонија Најважни

Пендаровски: Се надевам дека 2-ри Август во иднина ќе го прославуваме во Прохор Пчински

По 18 години Србија и дозволи на Македонија да го одбележи 2-ри август во манастирот Прохор Пчински. Двојазично обележје и на македонски и на српски јазик е поставено во параклисот на манастирот во кој на денешен ден во 1944-та година е одржано првото заседание на АСНОМ.

Во манастирот Прохор Пчински, како што кажа претседателот Пендаровски се слави и вториот Илиден. Денот кога во 1944-та е одржано првото заседание на АСНОМ и се поставени темелите на македонската државност. По решавањето на спорот помеѓу двете цркви, Србија за првпат дозволи да се чествува овој ден, а во надворешниот дел на манастирот беше поставено и спомен обележје на македонски и српски јазик.

Македонската делегација ја предводеше претседателот Пендаровски каде положи цвеќе, и им се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ и на поглаварот на СПЦ Порфириј затоа што, како што рече, ни овозможиле после 18 години пауза да дојдеме на ова свето место и да го одбележиме најголемиот македонски државен празник.

„Ова е местото каде што е формирана современата македонска држава и знаете од различни причини не можевме да дојдеме тука и на ова место тука да го прославиме тој празник, па знаете, правевме некои алтернативни паралелни прослави во близина, меѓутоа не и овде каде што навистина е одржано историското заседание на АСНОМ. Јас се надевам дека ова е почеток на една добра традиција во која 2 Август, тоа е нашиот втор Илинден, ќе го прославуваме тука и оттука натаму се разбира дека, како велат старите, со сите нишани ќе доаѓаме да оддадеме почит на оние кои ја формирале македонската држава во 1944 година“,

изјави Пендаровски.

Тој дополни дека со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ договориле во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи, која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави.

„Со министерот Селаковиќ кој беше морам да кажам исклучително од помош во изминатите неколку недели за сите детали на оваа посета, договоривме во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави“,

рече шефот на државата.

Пендаровски потсети дека Скопје и Белград имаат стар договор од 2000 година околу одбележување на културно-споменични обележја во двете земји.

Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, кој ја предводеше српската делегација на одбележувањето на Илинден во манастирот Прохор Пчински, изјави дека Србија е за јакнење на политиката на добрососедство.

 

Настанот го следеше Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Стотици заложници, најмногу жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе