Вести Свет

Гутереш го поздрави отпловувањето на првиот брод со жито од Одеса

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави денешното отпловување од украинското пристаниште Одеса на првиот трговски брод со жито од 26 февруари.

Гутереш рече дека е хуманитарен императив да се осигура дека постоечките житарки и други прехранбени производи се наоѓаат на глобалниот пазар.

Тој посочи дека бродот, кој тргнал за Триполи во Либан, бил натоварен со 26.537 тони пченка, прв испловил согласно договорот од Истанбул за извоз на жито со бродови од пристаништата во Црното Море, кој бил потпишан на 22 јули.

Портпаролот на Гутереш, исто така, нагласи дека Светската програма за храна, огранок на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН, планира да купи, натовари и испорача 30.000 тони пченица од Украина преку брод изнајмен од ОН, но најави дека ќе знае повеќе детали наредните денови.

Денеска првиот брод натоварен со украинско жито го напушти украинското пристаниште Одеса од почетокот на рускиот напад, а како што соопшти мониторинг телото на ОН, бродот ќе биде прегледан во Истанбул, пред да го продолжи патувањето за Тирполи.

На 22 јули Москва и Киев потпишаа посебни договори со Турција и ОН со што се создадоа услови за деблокирање на извозот на украинското жито.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе