Вести Свет

Бројот жртвите од поплавите во Кентаки се зголеми до 26, многу од нив деца

Најмалку 26 лица се водат за исчезнати, меѓу кои има и деца, во рекордните поплави што изминатите денови зафатија делови од источно Кентаки. Бројот на жртви се очекува да порасне.

Ова синоќа го изјави гувернерот Енди Бешир, кој истакна дека спасувачките се на терен и продолжуваат со работа во наредните денови и недели.

-Ненесена се локални материјални штети, многу семејства се принудени да ги напуштат своите домови и во текот на наредните денови се очекуваат уште поројни врнежи, напиша гувернерот на Твитер.

-Знам дека беа пронајдени уште неколку тела и знаеме дека нивниот број ќе расте, изјави гувернерот во интервју за „Ен-би-си њуз“.

Заклучно сабота потврдена е смртта на четири деца и бројката може да се зголеми, изјави Бешир.

Националната метереолошка служба соопшти дека до утре се очекуваат неколку циклуси на поројни врнежи и невреме. Во Кентаки од утринава се во сила предупредувања за поплави.

Овие поплави се втора по големина национална природна катастрофа што ја зафати сојузната држава Кентаки во изминатите седум месеци, после неколку торнада во западниот дел во декември, кога животот го загубија речиси 80 луѓе.

Гувернерот Бешир во четвртокот објави вонредна ситуација во државата, и ги опиша како катастрофата „едни од најстрашните и најдеструктивни поплави“ во Кентаки.

Во петокот, претседателот Џо Бајден објави природна катастрофа од големи размери. Државата доби федерални средства да се справи со кризата.

Во источно Кентаки засега без струја остануваат повеќе од 14.000 домаќинства.

На обнова на инфраструктурата може да се работи со години, изјави гувернерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе