Вести Свет

СБ на ОН не се договори за изјавата за Договорот за извоз на жито од Украина и Русија

Советот за безбедност на Обединети нации не успеа да се договори за текстот на изјавата во која се поздравува договорот за извоз на жито и вештачки ѓубрива од Украина и Русија на светските пазари.

Во соопштението од СБ на ОН се истакнуваат заслугите на генералниот секретар Антонио Гутереш и на Владата на Турција за постигнувањето Договорот, чија цел е да се намали заканата од глад низ целиот свет.

Норвешка и Мексико со денови работат да го обединат светот во една порака, која го поздравува историскиот Договор за обновување на извозот на жито, храна и ѓубрива преку Црно Море. Жалиме што тоа не беше можно, изјави норвешката амбасадорка во ОН, Мона Јул.

Гутереш го опиша договорот како без преседан за две земји во крвав конфликт и „сигнал на надеж“ за милиони луѓе кои се соочуваат со големо зголемување на цените на храната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе