Вести Свет

Пожарите низ светот се уште не стивнуваат

Борбата против огнената стихија во американската сојузна држава Калифорнија, конечно дава резултати и најмалку 36% од големиот пожар во националниот парк Јосемити е ставен под контрола.

Пожарот досега уништил најмалку 100 куќи и други објекти во регионот.

Портпаролот на пожарникарите Крис Гарсија рече дека на околу 3.800 луѓе им било дозволено да се вратат во своите домови, додека околу 2.200 жители остануваат под наредба за евакуација. Пожарникарите ги советуваат луѓето како да ги заштитат своите домови од огнот.

Постојат чекори што ги преземате, особено со одбранбен простор околу вашиот дом. Ако го подготвите вашиот дом за пожар, кога ќе дојдат екипите, ако пожарот ја зафати вашата заедница, тие можат да го подготват вашиот дом и да го направат побезбеден многу побрзо, вели пожарникарот џонатан пирс.

Пожарникарите успеаја значително да го го забават ширењето на шумскиот пожар, дозволувајќи им на властите да укинат некои наредби за евакуација на жителите на оддалечените планински заедници.

Калифорнија доживува сè поголеми и посмртоносни шумски пожари во последниве години бидејќи климатските промени го направија западниот дел од Соединетите држави многу потопол и посув во последните 30 години.

Пожари се шират и во Тексас. Евакуирани биле повеќе десетици луѓе

Противпожарните авиони во низок лет поминуваа над огнот и истураа вода врз него, се додека небото не стана портокалово од чадот.

Пожар има и во северниот дел од Чешката република, во еден национален парк, кој се прошил и преку границата, во соседна Германија, поточно државата Саксонија.

Пожарникарите од неколку земји ги здружија силите за да се борат со огнот, кој веќе е под ставен под контрола.

Десетици германски деца беа евакуирани од летен камп на чешката страна на границата и транспортирани назад во Германија.

И покрај нивните напори, пожарникарите соопштија дека пожарот се проширил од 30 хектари на почетокот, на повеќе од 1.000 хектари.

Помош стигна и од другите држави. Полска и Словачка испратиле хеликоптери, Италија нуди специјални авиони дизајнирани за гаснење пожари, а Германската војска ќе испрати четири хеликоптери за да помогнат во борбата со пламените јазици.

Нема информации за повредени, но околу 100 луѓе мораа да бидат евакуирани во вторникот вечерта од чешкиот град Висока Липа.

Научниците велат дека времето ќе продолжи да биде поекстремно, а шумските пожари почести, деструктивни и непредвидливи.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе