Вести Свет

Потрагата по Мартин престанува

По 20 дена интензивна потрага во море, на копно и од воздух, откако спасувачите волонтери од ОФКАТ го „прочешлаа“ Солунскиот залив, делот околу Халкидики, но и целото Егејско море, потрагата по Мартин прекинува на терен, но не запира.

За досегашната потрага велат дека пребарале насекаде, во Солунскиот залив и по крајбрежјето од спротивната страна, на Халкидики, но и во Егејското море.

Преку нивниот официјален Фејсбук, од волонтерски спасувачки тим соопштија дека денеска се навршуваат 20 дена без Мартин, а напорите за негово пронаоѓање во изминатиот период не вродија со плод, иако бараа насекаде и со сите средства што им се на располагање.

-Мартин не „припаѓа“ во морето, Мартин припаѓа на земјата и таму, во некој момент треба да се „врати“. Да оставиме неколку дена морето да ја завшри својата работа со надеж дека ќе ни го врати. Сочувствуваме со неговото семејство и тоа е причината што нема да оставиме случајот да се затвори. Им дадовме ветување на неговата мајка Лидија и на неговиот брат Горан дека ќе го најдеме Мартин. Потрагата веќе продолжува и на… „друго ниво“, напишаа од ОФКАТ.

Членовите на ОФКАТ од првиот момент беа на терен, во различни делови, како на копно, така и во вода, а нивната потрага продолжи и по завршувањето на официјалната потрага што ја водеше крајбрежната служба на Грција.

Мартин исчезна на 9 јули кај Посиди на првиот крак на Халкидики, откако со двајца пријатели влегле во морето и оттогаш му се загуби секаква трага.

Спасувачката акција првично беше за пронаоѓање на тројцата пријатели, кои поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

Првиот, 25-годишниот Васил беше спасен истиот ден по поминати околу два часа во вода, додека пак ден подоцна, по околу 20 часа во морето беше пронајден и 30-годишниот Иван.

Иако вообичаена пракса на грчката крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена по исчезнувањето, овој рок беше продолжен по официјалното барање од македонска страна и телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дедниас.

Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши минатиот четврток на 14 јули, а акцијата продолжи од волонтерски спасувачки тимови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе