Вести Македонија Најважни

Новата цена на парното ќе биде позната утре – можно ли е поскапување и до 150 проценти?

Колку ќе се зголеми цената на парното  ќе се знае утре, кога РКЕ ќе ја соопшти својата одлука.

Цената на греењето најмногу зависи од гасот, кој во споредба со лани е драстично поскапен.  Ако државата не најде начин како да интервенира, зголемувањето реално би требало да биде и до 150 проценти.

Сепак,  надлежните уверуваат дека се прави се да се ублажи ценовниот шок.

И за експертската јавност  неизбежно е ново поскапување на греењето.

Но сметаат  дека одлуката за новата цена, треба да биде реална за  да може компанијата која ќе го врши снабдувањето со топлинска енергоија да работи како што треба.

„Се очекуваат промена во нивната трошковна структура и цената ќе треба да се зголемува. Се уште не се знае кој ќе ги снабдува граѓаните, второ цената која ќе се определи мора да биде реална за да и овозможи на компанијата да ги покрива трошоците на производство и да создада одредени позитивни приходи. Мора да се разгледаат и опциите  што ќе се користи за греење. Порано топлификација користеше мазут знаеме дека тоа е еколошки неоправдано но во ваква ситуација мора да ги земеме во предвид и сите негативни и позитивни страни“ – вели за Телма, Даниела Мамучевска универзитетски професор.

Тендерот за избор на фирма која треба да  го врши снабдувањето од октомрви се уште не е објавен. Не се знае ниту дали и од каде ќе се обезбеди гас или пак топланите ќе работат на мазут.

Министерот Бектеши рече дека повикот ќе се објави деновиве. Рокот  за избор на фирма е до крајот на септември.

ЕСМ веќе ги  прави подготовките за да може да се јави на тендерот. Првиот човек на  државните електрани Ковачевски уверува  дека компанијата има капацитет да го преземе работењето на БЕГ која ги изгуби трите лиценци. Првично ќе работат со свој кадар , но ќе земат луѓе и од Балкан Енерџи.  Ако има потреба ќе се вработат и нови лица.

Последната корекција на цената на парното беше направена  во декември лани и тогаш поскапе за 14 отсто.

Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. Засега нема знаци дека во најскоро време цената на гасот на берзите ќе се стабилизра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе