Вести Најважни Свет

Нинова со обвинување до Радев – претседателот е дел од групата што ја собори владата на Бугарија

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која е вицепремиерка која поднесе оставка по враќањето на неисполнетиот трет мандат за формирање нова бугарска влада, упати остри критики до претседателот на државата Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа коментира дека како мандатар направиле се што е во нивна моќ да ја гарантираат безбедноста и стабилноста на Бугарија, бидејќи изготвиле програма за управување и воведоа 79 нацрт-закони кои требаше да им го олеснат животот на бугарските граѓани.

Таа беше категорична дека претседателот Радев не престана да ја кр итикува владата на Кирил Петков во заминување, иако тој ја создаде главната партија во неа. Заедно со ГЕРБ, Движењето за права и слободи и „Вазраждане“ не добија 100 дена да владеат.

Според Нинова, Радев е дел од групата која ја собори актуелната влада на Бугарија. Радев ја критикуваше бугарската влада поради енергетската криза, јави и Корнелија Нинова која рече дека БСП не прифаќа дека ја оставаат Бугарија во хаос.

Таа рече дека министерот за енергетика бил човек на Има таков народ и дека ова е адреса за критика, а не целата бугарска влада. Таа рече дека БСП нема желба да биде одговорна за ова, бидејќи тие постојано предупредуваат да не ги прекинуваат преговорите со Гаспром.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе