Вести Свет

Затварање на дел од Вухан поради нови случаи на Ковид-19

Откако синоќа беа регистрирани два нови случаи на Ковид-19 се затвораат дел од компаниите и јавниот транспорт во квартот Џиангсја во кинескиот град Вухан, во кој живеат околу еден милион луѓе.

Властите во округот Џиангсја, дом на повеќе од 900.000 луѓе, соопштија дека од денеска се воведени тридневни ограничувања во главни урбани области, вклучително и забрана за големи јавни настани, посета на ресторани, затворени се јавните места за забава, пазарите малите клиники. Исто така суспендирани се и автобуските и метро линиите.

Властите ги повикаа жителите да не ја напуштаат областа во следните три дена, а исто така и апелираа и другите жители на Вухан да го избегнуваат реонот Џиангсја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе