Вести Свет

Силен земјотрес на Филипините

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени по Рихтер ја потресе филипинската провинција Абра.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор итно испрати спасувачки тимови и помош во провинцијата. Се очекува и тој наскоро да замине во областа зафатена од потресот.

Најпрво се соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,3 степени, без жртви и материјални штети само дека  има  ризик за појава на цунами.

По стабилизацјата беше утвредено дека сепак има штети и тоа лизгање на земјиште, оштети објекти и принудena евакуација на луѓето од високи згради во главниот град Манила.

Сепак има и жртви и повредени лица.Најмалку две лица го загубија животот, а десетици се повредени во силниот земјотрес што денеска ги потресе северните делови на Филипините.

Едно лице загинало во својата куќа во Абра, каде што се повредени најмалку 25 лица кои се префрлени во болница.

Градежен работник загинал во урнатините во планинскиот град Ла Тринидад во провинцијата Бенге, каде свлечишта и одрони на камења блокираа неколку патишта.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Лаганхиланг, 335 километри северно од Манила. Во градот има оштетени куќи и мостови, изјави градоначалникот Руби Виламор.

„Последователни потреси се регистрираат на секои 15 минути“, изјави заменик-гувернерот на провинцијата Абра Џој Бернос.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот е предизвикан од движење на тектонските плочи на длабочина од 25 километри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе