Вести Свет

Руденко: Наскоро први испораки на жито од украинските пристаништа

Првите количини украинско жито би можеле да бидат натоварени на бродовите оваа недела, а потоа ќе започне извозот на жито, исткнал неименуван турски претставник.

Нема да поминат повеќе од неколку дена. Се чини дека оваа недела ќе се натоварат првите количини и дека ќе се изврши извозот од Украина“, соопштил турскиот функционер.

 

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко потврди дека првите бродови со украинско жито наскоро би можеле да испловат кон Црното Море.

Сепак, тој предупреди дека договорот за деблокирање на извозот на украинското жито, постигнат со посредство на Турција, може да пропадне доколку наскоро не се отстранат пречките за извоз на руски земјоделски производи.

Судејќи според она што го велат нашите колеги од Турција, каде што се наоѓа (заедничкиот) координативен центар, се очекува во блиска иднина да започнат испораките, барем од Украина“, рече Руденко.

Тој изрази надеж дека договорот за жито ќе опстане.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе