Вести Свет

За време на пандемијата опадна животниот век во Германија

Меѓу 2019 и 2021 година, просечниот очекуван животен век во Германија забележливо падна. Промената доаѓа поради големиот број на починати лица за време на пандемијата на Ковид-19.

Очекуваниот животен век за новородените девојчиња минатата година бил 83,2 години, а за момчиња 78,2, што е намалување од 0,4 односно 0,6 години во однос на 2019, годината пред пандемијата.

Зголемениот удел на стари лица во германското население доведе до очекување за зголемување на бројот на смртни случаи изминатите 20 години, истакнува Бирото, но, се додава оти очекуваниот животен век се зголемувал пред пандемијата.

Тоа значи дека имало 70.000 до 100.000 повеќе починати за време на изминатите две години, отколку што би се очекувало статистички, пишува во соопштението.

Како што се појаснува, регистрирани се речиси 115.000 лица починати со коронавирус изминатите две години, додека можно е мерките на претпазливост  поврзани со пандемијата да допринеле за намалување на смртни случаи од други болести.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе