Вести Македонија Најважни

Условна казна за седуммина од учесниците во инцидентите пред Собрание – признале вина

Две години затвор кои нема да ги одлежат доколку 4 години не сторат ново кривично дело. Оваа пресуда за инцидентите на протестите пред Собранието предизвика олеснување кај сите обвинети адвокати и роднини освен кај еден обвинет кој  разбрал дека казната е 4 години. Судијката му објасни дека станува збор за алтернативна  казна и дека судот на некој начин ги условува повторно да не доаѓаат во судир со законот.

Всушност тоа сите и го ветија обвинетите во завршниот збор откако претходно признаа вина. Се каам. Криво ми е ветувам дека нема да се повтори, свесен сум за грешката, ме понесе толпата,  жалам што дојде до ова, не ми паѓа на памет вакво нешто повторно да сторам. На овој начин уверуваа 7 те обвинети за учество во толпа што ќе стори кривчно од кои 4 ца се на возрат од 18 и 19 години.

Судијката Славица Андреева рече дека казната не е блага а опасноста од овие кривични дела е голема. Адвокатите задоволни – сметаат дека ова е сериозна опомена за младите луге  и пораката на судот ќе биде сфатена.

Претпладнево 8 мина седнаа во обвинителна клупа. Еден од нив рече дека не се чувствува виновен  и за него судењето ќе продолжи редовно друг ден. Според воведниот говор на обвинителката тој одговара за учество во толпа која кршела и прскала со спреј полициско возило кај старата градска болница. Останатите што признаа вина одговараа дека на протестите Ултиматум не благодаран, заедно со други непознати лица фрлале  камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските од кордонот пред собранието. Повредиле 26 полицајци меѓу кои со тешки телесни повреди завршила жена полицаец. Собранието пријавило штета околу 9.200 евра која ќе треба да ја платат обвинетите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе