Вести Свет

Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година

Русија ќе престане да ја користи Меѓународната вселенска станица по 2024 година, соопшти денеска шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Јуриј Борисов.

„Без сомнение ќе ги исполниме сите наши обврски кон нашите партнери во Меѓународната вселенска станица“ – рече Борисов на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Сепак, донесена е одлука да се напушти таа станица по 2024 година“ – нагласи тој.

Тој рече дека мисли дека дотогаш ќе започне формирањето на руската орбитална станица, која ќе биде „главен приоритет“ на руската национална вселенска програма.

„Иднината на руските летови со екипаж треба пред сè да се заснова на систематска и избалансирана научна програма, со цел секој лет да нè збогатува со знаење во вселенската сфера“ -рече тој.

Борисов беше назначен за шеф на Роскосмос во средината на јули, на местото на Дмитриј Рогозин.

До тогаш 65-годишниот Борисов беше вицепремиер задолжен за рускиот воено индустриски комплекс, кој го вклучува и секторот што се занимава со вселената.

„Вселенскиот сектор е во тешка ситуација и мислам дека мојата главна задача не е да го спуштам нивото, туку да го подигнам повисоко, пред сè обезбедувајќи ги потребните вселенски услуги за руската економија“ рече Борисов пред Путин, наведувајќи ги навигацијата, комуникациите и преносот на податоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе