Вести Македонија Најважни

Кравињо: Не очекувам билатерални блокади од Софија во текот на преговорите

По завршувањето на процесот на уставните измени и почнувањето на втората фаза од преговорите со Европската унија, нема повеќе причини за билатерални блокади кон Македонија. Ова е ставот на шефот на португалската дипломатија Жоао Гомес Кравињо, кој денеска за време на посетата на Скопје пореча дека од суштинско значење во меѓународната политика е да се верува кога зборот е даден.

„Кога ќе ставиме потпис, ние се обврзуваме. Билатералните прашања за кои толку многу се дискутираше во изминативе неколку години во Бугарија и Северна Македонија, се затворени. Има заклучоци, заклучоците создадоа услови за историскиот момент на 19 јули и втората меѓувладина конференција ќе се случи веднаш штом внатрешните процеси во Северна Макеоднија завршат. Не очекувам ова прашање повторно да се постави. Не гледам никаква причина зошто повторно би се поставило“, изјави Жоао Гомес Кравињо.

Коментирајќи го португалскиот предлог за решение ви-за-ви францускиот, кој стана и европска преговарачка рамка за земјава, португалскиот министер, кратко рече дека во политика не е да го добиеш она што го сакаш, туку она што е можно. Притоа и честиташе на македонската влада за историскиот чекор, додавајќи дека тој не бил лесен.

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, во контекст  на преговарачката рамка со Европската унија денеска повторно ја бранеше унилатералната изјава за македонскиот јазикот, за која македонисти од неколку институти во земјава сметаат дека не го заштитува јазикот. Според Османи, унилатералната изјава за јазикот е политичка, а не историска, која опфаќа три клучни елементи за него – историскиот континуитет, неговото дефинирањето во Уставот и во собраниската резолуција и оти е официјален на територијата на Македонија и во нејзните меѓунаронди релации.

Османи за да го нагласи значењето на македонската унилатерлана изјава, но и колку ваквите изјави немаат форламно-правно дејствие откри дека бугарската изјава за македонскиот јазик постои уште од 2018 година.

„Унилатералната изјава на Република Бугарија не е преседан, туку е веќе пуштена во ОН уште во 2018 година. Истата таа изјава сега се повторува во земјите членки на ЕУ. Како што немаше никакви импликации во ОН македонскиот јазик со унилатерална изјава, еве дури не сте ни знаеле дека имало унилатерална изјава пред четири или пет години, таква е тежината на оваа унилатерална изјава“, рече Османи.

Една недела по потишаниот Протокол со Бугарија за спроведување на Договорот за добососедство Османи рече дека до сега до нив немало поплаки за говор на омраза. Притоа Османи пак не гледа потреба контроверзните историски личности, кои предизвикуваат негативни чуства кај едната или другата страна, како што ликот на Ванчо Михајлов, да се третираат во делот на говор на омраза.

„Различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под говор на омраза. Под говор на омраза јасно кажува нашето законодавство што е омаловажување поради карактеристики на човек или припадност во група. И мислам дека ако го прошириме тоа во историските интерпретации тогаш отвораме токму поле за такви ризици за кои зборуваме дека говорот на омраза ќе се интерпретира во делот на работата на Историската комисија“, изјави Османи.

Османи токму за историската комисија на чија работа отпаќа голем дел од Протоколот со Бугарија, најави дека деновиве ќе има средба со неа за да разговараат за понатамошни чекори.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поплави во Индонезија најмалку 37 мртви и17 исчезнати:

Дејан Дејан

Најмалку 20 демонстранти приведени во Тбилиси

Дејан Дејан

Мицотакис за одлуката на Сиљановска Давкова да не го користи уставното име: нелегална, недозволива и провокативна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе