Вести Свет

Во руската инвазија има голем број починати лица меѓу кои и медицински персонал

Најмалку 18 медицински работници се убиени, а речиси 900 медицински установи се оштетени или уништени за време на руската инвазија врз Украина, која влезе во шестиот месец соопштија од украинското Министерство за здравство.

Министерството за здравство на својот Фејсбук профил објави дека од 24 февруари и почетокот на руската воена операција, повеќе од 50 медицински работници се ранети во руските напади.

Во соопштението се наведува и дека 123 медицински установи во Украина биле целосно уништени за време на инвазијата, додека 746 имаат потреба од интервенција и поправка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе