Вести Македонија Најважни

Мицкоски со обвинување до опозициските албанските партии дека се со власта

Секој што е против референдумот или ја поддржал владата за усвојување на преговарачката рамка со ЕУ, е инсталација на власта. Вакво обвинување денеска изнесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на сметка на партиите на Албанците во опозицијата, за кои рече оти има дилема дали се резервна варијанта на власта.

Јас не сум слушнал став на Албанците во опозицијата, но после тоа што тие го поддржаа оној лист хартија во Собранието, имам дилема дали воопшто се во опозиција или се пак резервна варијанта и базен за пратеници на власта. Тука веќе јас имам дилема каде тие припаѓаат. За да се иднетификуваат себе си како опозиција тие треба во јавноста да излезат со ставови со коишто ќе ја критикуваат власта. Ако тие ја поддржуваат власта тогаш јас не гледам како тие можат себе си да се идентификуваат како опозиција, изјави Мицкоски.

Но освен во албанските партии од опозицијата Мицкоски инсталации на власта гледа и во други помали партии, иако не ги именуваше кои.

Не се само тие против има и други маргинални партии и лидери, рече Мицкоски.

На ова експресно реагираа, не партиите на Албанците во опозицијата, туку владеачката СДСМ, според која Мицкоски со оваа изјава потврдил дека барањето за референдум е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски денеска призна дека тој и Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ. Мицкоски потврди дека неговата фарса за референдум којшто е за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка ниту од другите опозициски партии, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Мицкоски кој својата партија, заедно со неколку други помали партии во Собранието денеска ги прогласи за чувари на идентитетот и Уставот на земјава, за референдумот кој ВМРО-ДПМНЕ го најави како референдум за заштита на македонскиот идентитет, преку оспорување на Договорот со Бугарија и преговарачката рамка со Европската Унија, се уште не дава детали кога и на кој начин тоа барање би се фомализирало. Тој иако пред само три дена изјави дека референдусмското барање прво ќе му биде доставено на парламентарниот спикер, Талат Џафери, денеска рече дека се уште нема се вршат консултации и за тоа.

Во периодот што следи ќе продолжат консултациите со експертите и со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот – задолжителна, консултативна, кога би се одржал тој референдум, кој би го поднел – дали пратениците, дали тоа ќе бидат 150 илјади граѓани, дали ќе биде претходен референдум или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот на преговарачката рамка што се повикува на билатералниот Договор со Бугарија и изворот на проблемите, а тоа е Протоколот, изјави Мицкоски.

На обвинувањата на СДСМ дека барањето за референдум е само фарса за внатрепартиска употреба на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја повика власта во тој случај да не се плаши од референдумот и да излезе на референдумско изјаснување.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе