Вести Свет

Поради ИТН Бугарија ќе распише предвремени парламентарни избори, обвинува БСП

„Има таков народ“ четврти пат за година и половина ја урива владата во Бугарија, изјави за БНТ претседателот на пратеничката група на „БСП за Бугарија“ во Народното собрание, Георги Свиленски.

Тој додаде дека поради ИТН Бугарија четврти пат ќе оди на избори.

Според Свиленски, ГЕРБ, Движењето за права и слободи и „Има таков народ“ сфатиле дека Бојко Рашков навистина може да биде избран за претседател на Комисијата за борба против корупцијата и конфискација на незаконски стекнат имот. Тој додаде дека кога го виделе Законот за антикорупциска комисија, што беше донесен во прво читање, „сфатија за што се работи и полудеа“, изјави Свиленски.

Според него, петдневниот рок за избор на претседател на Антикорупциската комисија на Бугарија бил проблем за формирање на новата бугарска влада.

Поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, покажа дека не се плаши и дека има волја да се бори против корупцијата, коментира и Свиленски.

Според него, поделбата во бугарското општество веќе не била во насока лево-десно, туку била поврзана со темата за борбата против корупцијата.

Во исто време, претседателот на Бугарија Румен Радев ја коментираше тензичната внатрешно-политичка ситуација, кој рече дека БСП треба да го исполни третиот мандат во согласност со Уставот и одлуката на Уставен суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе