Вести Свет

Орбан: На ЕУ и треба нова стратегија за војната во Украина, санкциите немаат ефект

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека на Европската унија и е потребна нова стратегија околу војната во Украина, бидејќи санкциите против Москва немаат ефект.

Потребна е нова стратегија што треба да се фокусира на мировните преговори и како да се дојде до добар мировен предлог… место до тоа како да се добие војната, рече Орбан во говор во Романија.

Орбан, кој неодамна по четврти пат беше реизбран за премиер, повтори дека Унгарија нема да се меша во војната во соседна Украина.

Тој претходно кажа дека Унгарија, исто така, не е подготвена да поддржи ембарго на ЕУ или ограничувања за увозот на руски гас, бидејќи тоа ќе ја поткопа економијата на земјата.

Во својот денешен говор пред своите поддржувачи во Романија  Орбан нагласи дека западната стратегија е изградена врз четири столба: дека Украина може да победи во војната против Русија со оружјето на НАТО, дека санкциите ќе ја ослабнат Русија и ќе го дестабилизираат нејзиното раководство, дека санкциите ќе и наштетат на Русија повеќе отколку на Европа и дека светот ќе се организира во знак на поддршка за Европа.

Тој, меѓутоа, денеска изјави дека оваа стратегија е неуспешна, бидејќи владите во Европа се уриваат „како домино“, цените на енергијата пораснаа и сега е потребна нова стратегија.

Седиме во автомобил со дупнати четири гуми: апсолутно е јасно дека војната не може да се добие на овој начин, пластично објасни Орбан.

Украина, додаде унгарскиот премиер, никогаш нема да ја добие војната на овој начин, затоа што „едноставно руската армија има асиметрична доминација“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе