Вести Свет

Уникатните Австралиски флора и фауна сè повеќе загрозени

Уникатните флора и фауна за Австралија повеќе од кога и да е се под закана од шумски пожари, суши, човекови активности и од климатско затоплување, покажува владиниот извештај објавен денеска, означен како „шокантен“, јави Бета.

Извештајот за австралискиот еколошки систем, што се спроведува секои пет години, воспоставил расфрлани ненадејни промени предизвикани од климатското затоплување, загубата на живеалишта, инвазивните видови, загадувањето, рударството.

Со тие закани не се управува на соодветен начин, што значи дека на пат се да создадат дополнителни проблеми.

Во пожарите од 2019-2020 година изгоре над осум милиони хектари вегетација, а поради нив настрадаа или се раселија од милион до три милиони животни, покажуваат главните заклучоци во извештајот.

Топлотниот бран во океаните предизвика масовно белење на корали на Големиот корален гребен во 2016, 2017 и во 2020 година. Оттогаш, владиниот извештај од март откри дека гребенот повторно претрпе масовно белење.

Уништени се милиони хектари шума од 1990 година. Истото важи за седум милиони хектари живеалишта за загрозени видови меѓу 2000 и 2017 година, се наведува во извештајот.

За пет години над 200 растителни и животински видови од национално значење се додадени на списокот на загрозени видови според австралиските еколошки закони.

„Австралија изгуби повеќе видови цицачи од кој било друг континент“, пишува во извештајот и се додава дека за осум проценти порасна бројот на нови видови што спаѓаат во загрозената категорија.

Од друга страна, австралиските градови се развиваат со брзо темпо, што доведува до пораст на топлината, загадувањето и на урбаниот отпад, а истовремено ги црпи ресурсите на вода и енергија.

„Сиднеј изгуби над 70 отсто од својата природна вегетација “, се истакнува во извештајот.

Климатските промени особено влијаат на Австралија, што редовно е погодена од суша, разорни шумски пожари и сè почести и поголеми поплави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со парите од М-нав, Лотарија и МЕПСО државата го враќа кинескиот кредит

Дејан Дејан

Мицкоски: Гостивар утре ќе добие техничка вода

Дејан Дејан

СДСМ бара оставка од Клековски, велат тој призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе