Вести Македонија Наука и здравје Топ вести

Загадувањето на воздухот главна причина за прерана смрт

Загадувањето на воздухот е главна причина за прерана смрт и е поединечен најголем ризик за здравјето што доаќа од животната средина. Како последица на загадениот воздух во Европа бројката на предвремена смрт изнесува над 300.000 лица.

Според Светска банка над 1.100 граѓани во Македонија годишно умираат поради компликации предизвикани од загадениот воздух, а шеттите кои ги трпи државата, односно отсуството од работа и лекувањето на лицата од болести кои ги предизвикува загадениот воздух е десетици милиони евра годишно.

Истражувањата направени кон крајот на 2019 година од Светската здравствена организација и Програмата за животна средина на Обединетите нации покажаа дека населението во балканските земји е изложено на највисоки концентрации на загадување на воздухот во цела Европа. Дури и до пет пати поголеми загадувања отколку дозволените во рамки на Европската унија. Уште повеќе, Скопје, тетово и Битола се меѓу 10 најзагадени во Европа со тенденција на влошување на состојбата.

Проектот справување со загадувањето на воздухот во Скопје е поврзан со населението и навиките и можностите околу начинот на греење на населението. Населбата Лисиче е избрана како една од најпогодените од загадувањето на воздухот во Скопје. Се работи за проектот во кој се вклучени неколкукратни интервенции, од замена на стари пешки за греење на дрва со нови, на пелети или инвертоти. Подобрување на изолацијата преку промена на прозорви и врати, фасади и покриви и постигнување на повисока енергетска ефикасност со што ќе се намали и притисокот врз сечата на дрвја за огрев.

Со проектот првин се вршеше истражување и мерење преку мобилни и статични мониторинг станици со цел да се изврши анализа на состојбата пред интервенциите и по интервенциите во оваа пилот населба.

Со мерење на состојбите пред и потоа, проверка на собраните примероци преку најсофистицирана опрема инсталирана на Универзитетот Гоце Делчев во Штип се утврди дека со преземените интервенции значително е намалено загадувањето на воздухот.

Буџет на проектот 2,056,766 американски долари.

Преку проектот се водеше сметка да се помогнат најранливите категории граѓани, сиромашни, самохрани мајки, лица со пореченост и да се воспостави нов модел на субвенционирање за да се намали загадувањето на воздухот.

УНДП преку овој проект помогна 129 домаќинства во Лисиче со најразлични мерки за енергетска ефикасност, поромена на врати и прозорци, нови енергетски ефикасни фасади, промена на грејни тела итн.

Три надворешни станици за мерење на квалитетот на воздухот беа поставени и пет уреди за мерење на кваилтетот на воздухот внатре во домаќинствата. По завршувањето на интервенциите и промена на грејните тела уредите и анализите покажаа значително намалување на загадувањето на воздухот во домаќинствата и околината. Уште пред интервенциите се покажа дека оние кои користат уреди на струја за греење или подобри енергетски ефикасни уреди се изложени на помало загадување во своите домови.

Примероци се земаа од 29.10.2020 година на двете локации за постојани мерења и другите за мобилни мерења, па се до 04.12.2021 година.

Во овој период беа земени вкупно 376 примероци на локацијата за земање примероци во Карпош, 367 на локацијата за земање примероци во Ново Лисиче и најмалку 60 примероци на секоја од (привремените) локации за земање примероци за индикативни мерења.

Потоа овие примероци се носеа во лабораторијата Амбикон на Универзитетот во Штип која беше опремена со најсофистицирана опрема за скенирање и анализа на овие примероци, рентхен уред набавен исто преку проектот. Единствен од овој вид во македонија овој уред овозможи да се идентификуваат, разложат и анализираат атомските елементи и да се распознае кој е изворот и со колкаво учество влијае врз загадувањето на воздухот.

Како главни извори на загадувањето на воздухот се наведени согорувањето на биомасата, односно на огревно дрво и други материјали особено во зимскиот период, согорувањето на нафта и мазут, загадувањето од минерална прашина од градежни активности, транспортот односно сообраќајот, горење на стрништа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе