Вести Македонија Топ вести

Премиерот не го коментира францускиот предлог додека ЕУ не се усогласи по ова прашање

И премиерот Димитар Ковачевски не го открива владиниот став за францускиот предлог за тргање на бугарското вето. Исто како и министерот Османи вели најискусните дипломати и експерти прават анализи на предлог документите.

– Нормално дека Министерството за надворешни работи согласно своите надлежности има увид во предлогот и најискусните дипломати и експерти во МНР прават анализи на овие предлог-документи. Нема да го коментираме и нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е предлог кој е усогласен од сите земји членки на ЕУ, вклучително и Франција која го дава предлогот. Ние го следиме развојот на настаните во собранието на Бугарија. Ако таму биде усвоен, кога ќе биде доставен до Република Северна Македонија ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата согласно одредбите во законското уредување, рече Ковачевски

Во однос на барањето македонскиот јазик да се дефинира со еднострани декларации на Македонија и Бугарија кусо одговори:

– Македонскиот јазик мора да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка, рече Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, синоќа на протестот пред владата му порача на премиерот Ковачевски да го одбие францускиот предлогот. Таа капитулација без одлагање, бугаризација на Македонија на рати или дипломатски нокаут, рече Мицкоски.

-Немој Димитар да се грижиш, еве јас сум тука, овој народ е тука, излези, охрабри се и одбиј го! Одбиј го овој предлог! Ние стоиме позади тебе. И сакам уште еднаш да бидам јасен, 80 пратеника, 2/3 менуваат Устав, а тоа и зависи од ВМРО-ДПМНЕ. Додека јас сум претседател нема да се смени Уставот, за да бидат бугарските барања дел од него, порача вчера Мицковски.

За разлика од премиерот и шефот на дипломатијата од Демократксиот сојуз на Павле Трајанов, испратија соопштение со кое го кажаа својот првичен став уште додека траеше средбата на коалиционите партнери во владата. Сметаат дека францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија.

– Според документите кои досега ги објавија медиумите, јасно е дека барањата на Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на ЕУ и од нивното исполнување ќе зависи нашиот напредок кон Европа. Тоа значи дека нашите евро-интеграции стануваат заложник на антимакедонските интереси во Софија, овојпат со европски печат, велат од Демократски сојуз.

Во Бугарија пак не стивнуваат реакциите за францускиот предлог за Претседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, коалицискиoт партнер на бугарскиот премиер Кирил Петков, рече дека неговата партија ќе го поддржи францускиот предлог ако влезе на расправа во Собранието и смета дека предлог преговарачката рамка е исклучително добара за неговата земја.

– Ако Бугарија сега не го разгледа овој предлог, а е поволен за нас и не знаеме кога ќе има втор таков, ете тоа ќе биде национално предавство, истакна Иванов.

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, е убеден дека актуелниот премиер Кирил Петков не е во состојба да го реши билатералниот спор помеѓу властите во Софија и Скопје, јавува БГНЕС.

Лидерот на ГЕРБ го обвини Петков за подлост и дека се обидува нешто тајно да договори, а потоа да излезе дека парламентот одлучил.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе