Вести Македонија Најважни

Падна таванот во објектот Јасмин на детската градинка „Мајски цвет“ во Карпош

Паднал таван во две простории во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, за време на викендот, објави на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој објави фотографии од руината.

„Среќа во несреќа е што во градинката Мајски цвет (Карпош, Тафталиџе 2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има“, напиша Антонио Милошоски на Фејсбук.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски изврши увид во детската градинка „Мајски цвет“.

Според Јакимовски, причини за паѓањето на гипс таванот на новиот објект „Јасмин“ од градинката „Мајски цвет“ се или лошата изведба на скриените олуци за одлив на водата или тоа што олуците не биле исчистени.

Директорката на градинката, Татјана Божиновска Миладиновска вели дека децата се згрижени во стариот објект, нема прекин во згрижувањето на деца и работат на расчистување на просториите каде што паднал таванот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе