Вести Економија Македонија Најважни

Кои се трите сценарија за скопска топлификација наесен? На БЕГ одземени сите три лиценци

Од октомври БЕГ повеќе нема да ги грее скопјани. Регуалторна комисија,  отпочна постапка за одземање на трите лиценци на компаниијата. Откако ќе бидат одземени,  државата треба да распише тендер за избор на нов вршител на дејноста. Првиот човек на РКЕ Бислимовски  очекува дека целата постапка ќе заврши пред почетокот  на новата грeјна сезона.

Уверува дека ниту граѓаните ниту индустријата нема да останат без греење. Додека не се избере нова компанија БЕГ има обврска да го прави тоа.

Иако лиценците на БЕГ, се со подолг рок на важност, Бислимовски тврди дека нема да  треба  на компанијата за тоа да и се плаќаат соодветни казнени пенали.

-ЈаС можам на владата да и препорачам конечно во овој сектор мора да се укинат трите дејности: производство, дистрибција и снабдување. да има една лиценца и како што е во поголемите градови во околината владата или др јавни претпријатија да си го преземат вршењето на оваа дејност, вели Марко БИслимовски – претседател на РКЕ.

Иако од РКЕ точно не ја  прецизираа причината за одземањето на лиценците,  од БЕГ за Телма тврдат  дека тоа е поради лошата финансиска состојба на фирмата , од енергетската криза која се уште трае.

Неофицијално, Телма дознава дека по оваа состојба, во игра се неколку опции.  Првата е работата на БЕГ да отиде во рацете на Град Скопје-  можност  за која се зборува  последните неколку години и за која претходниот градоначалник Шилегов,  достави барање до РКЕ за преземање на топловодната мрежа. Се формираше и претпријатие ГЕС за дистрибуцуија со топлинска енетргија. Но РКЕ не ја додели лиценцата, а ГЕС поведе спор против оваа одлука

Втората можност е БЕГ да продолжи да ја врши дејноста преку ЕСМ како што функционираше во време на кризна состојба. А доколку  ниту една од овие оцпии не успее, во тој случај државата да објави тендер на кој ќе се врши избор на компанија.

Пред извесно време, Адора Инжењеринг во сопственост на Чифлиганец на лицитација за 9, 3 милиони евра го купи имотот на Топлификација.

Прашан дали ќе достави понуда доколку државата отвори тендер за избор на компанијата која ќе ја врши работата на БЕГ, од таму одговорија дека и покрај исплатената сума и даноци за купопродажбата не може да го преземат имотот.

„До ден денес на Адора инженеринг не и се овозможи примопредавање на платениот имот од страна на стечајниот управник и БЕГ, ниту пак се регулирани меѓусебните односи за користење на истите. Сите идни постапки на Адора инженеринг ќе бидат во интерес на доброто функционирање на греењето на град Скопје, а тоа е единствено можно во соработка и координација со институциите на државата“, изјавија од Адора инженеринг.

Сепак со оваа ситуаицја е неизвесно какво греење ќе добијат граѓаните од следната сезона со оглед на тоа што оваа зима доста граѓани се жалеа на млаки радијатори и недоволно топлина во нивните домови.

Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства.

Ирена Чачкова

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе