Вести Македонија Најважни

Германска поддршка за прескок на бугарскиот ѕид и барање да се исполни ЕУ ветувањето- Шолц во Скопје со Ковачевски

Пријателски тонови, признание за достигнувањето, краток осврт на економската соработка- овие пораки кои при посетата, ги изрече германскиот канцелар Олаф Шолц беа само дополнителна содржина на главната тема. Ќе биде или не првата меѓувладина конфереција за почеток на пристапните преговори меѓу Брисел и Скопје. Шолц неколкупати повтори, ветено е на западниот Балкан особено на Северна Македонија и Европската Унија мора да го исполни ветувањето.

Домаќинот Димитар Ковачевски оцени дека државата исполнила се што е потребно, но дека не треба како во минатото да се погреваат очекувањата затоа што проширувањето и најблсиките кандидати се заложници на една земја членка.

Ковачевски не сакаше да толкува и коментира што се случува на бугарската политичка сцена со излегувањето на еден коалиционен партнер од владата на Софија затоа што тврди има активни преговори. А кога ќе има заеднички прифатлив договор, ќе се открие што е договорено.

Канцеларот Шолц не ја спомна Бугарија ниту на директното новинарско прашање за она што ќе каже во Софија, но посочи дека сите треба да мислат добро на заедницата на која припаѓаат.

Прес конференцијата заврши со уште едно ракување, а германскиот канцелар потоа се упати кон Софија- каде се издигна засега непробојниот ѕид меѓу македонските евро интеграции од една и Европската Унија од друга страна.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе