Вести Македонија Најважни

„Има таков народ“ го обвини Петков дека сакал да го тргне ветото кон Македонија без исполнување на каков било услов

Кризата во Бугарската влада, откако еден од коалиционите партнери, партијата „Има таков народ“ одлучи да ја напушти, наведувајќи го како причина наводниот план на премиерот Петков за тргање на ветото кон Македонија, продолжува да се продлабочува.

Станислав Балабанов, пратеник од редовите на оваа партија во интервју за Бугарската национална телевизија повторно го обвини Петков дека се подготвувал за предавство на националните интереси.

Пратеникот Балабанов, во карактеристичниот популистичко-националистички- стил и на неговиот лидер, Слави Трифонов, изјави дека откако добил ќерка пред еден месец сфатил дека не може да молчи и мора да ја зборува вистината особено кога станува збор за историјата на Бугарија, зашто тоа немало да го простат идните генерации.

Тој тврди дека додека патувал со воз во Украина, кон Киев, премиерот Петков побарал да разговара со него, но на негово големо изненадување не за војната во Украина.

„Разговорот пред се беше убедување, на секој начин да се согласам со неговата идеја, да го тргнеме ветото на Бугарија пред Македонија да исполни било што од рамковната позиција на Бугарија, консултативниот совет кај претседателот, декларацијата на Народното Собрание на 44-тиот состав“ – вели Балабанов.

Тој потоа покажа и лист хартија од службените тефтери на бугарската влада, на која тврди дека Петков го напишал својот план и 6-те точки според кои треба да се одвива решавањето на спорот со Македонија.

„Прво, „територијални претензии“ ; второ „отворање на архивите“ ; трето „претензии за малцинство“, тоа во однос на Уставот. Ние отсекогаш сме зборувале дека ако се отвори нивниот Устав, треба да не запишат како народ со еднакви права а не како малцинство. Четврто „Историја“ ; петто „табели со споменици““ – додава Балабанов.

Балабанов потоа ја објаснува и временската рамка и начинот на кој треба да се одвива решавањето на спорот кој Бугарија го има со Македонија.

„Прво, го тргаме ветото, по што се исполнуваат „agreement“-от, бидејќи тие завршиле Харвард, и го напишале на тој начин. Повторувам, прво го отстрануваме ветото и потоа ги исполнуваме другите услови. Убаво се гледа.

Така изгледа Бугарија, која ќе беше продадена ако ние не ја донесовме вчерашната одлука“ – порачува пратеникот од „Има таков народ“.

Емотивниот Балабанов потоа вели и дека е подготвен да даде изјава на детектор за лаги а повика и на графолошка анализа на ракописот на ливчето со кое мафташе во интервјуто, да се потврди дека тоа е ракопис на Премиерот Петков.

Очигледно едно од клучните прашања на бугарската политичка сцена и останува натпреварот кој ќе заземе потврд и понационалистички став кон Македонија. За потсетување, Петков по вчерашните разговори со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, изјави дека тој инсистира на три услови пред да бидат отстранети бугарските блокади.

Почитување на рамковната позиција на бугарскиот парламент, внесување на Бугарите во уставот и  исполнување на договорот за добрососедство.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе