Вести Македонија Најважни

Судот пресуди конфискација на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ во „Талир“ за криминални градежни зделки на поранешниот премиер Груевски

Белата палата во Скопје вредна 7 милиони евра и 30 партиски седишта низ државата купени со над 2 милиони евра ќе бидат конфискувани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пресуди Кривичниот суд во Талир 2.

Партиското седиште што го изгради Бетон било незаконски стекнато.

И останатиот имот низ државата бил купуван незаконски стекнати пари.

Земјиштето на кое беше старото партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ вредело 800 илјади евра, а за возврат добиле луксузно опремен објект вреден 7 милиони евра додека хотелот на Бетон на истата локација се уште не е завршен.

Градежната компанија немала финансиска корист од договорот со ВМРО-ДПМНЕ.

Но во тоа време на градежната компанија над 70 проценти од приходите и биле од тендери од државни и локлани јавни претпријатија, објаснуваше судијката Даниела Алексовска Стојановска при читање на пресудата според која експремиерот Никола Груевски кој е во бегство доби нови 6 години затвор а поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски условна казна.

За адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ целта на судскиот правец била токму конфискацијата на имотот.

Ке ги користат сите правни можности да ја сменат ваквата пресуда

Обвинителството вели можно е да се конфискува седиштето без да се одземе земјиштето кое останува партиско

Обвинителот Лапе е задоволен од пресудата но можно е да се жали на условната за Божиновски.

Ова е прва пресуда за Божиновски а 5-та за Груевски.

Досега има затворски казни од година ипол до 9 години за Тенк, ТНТ, насилство во Центар и плацеви на водно

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе