Вести Македонија Најважни

Статистика измери нов рекорд, инфлацијата во мај достигна 12 %

Цената на маслото  повисока за околу 40 отсто, на лебот за над 20 , на млекото, сирењето, јајцата  за  16 проценти. Статистика  измери нов рекорд  на инфлацијата од 12 отсто во мај годинава во споредба со мај лани. Најголемо поскапување има кај храната, но и кај транспортот и енергенсите.

Од бизнис секторот се сериозно загрижени за состојбата  и она што се случува со цените.  Велат нема најава дека нешто ќе се промени, а компаниите повеќе не можат да се носат со последиците,  особено со цените на струјата.  Велат прашање на време е кога ќе почнат да затвораат.  Бараат државата  итно да донесе мерки за стопанството.

„Владата е насочена кон граѓанството,  не кон фирмите тој пат сметаме дека не е добар,  но мислам дека треба да има корекција  мора економската активност да ја задржиме , затоа што без тоа ќе создадеме поголем гаф во ваква неизвесност“ – вели Бранко Азески- претседател на СКМ

Од бизнисот  сметата дека периодот на комфор е завршен и мора да се штеди,  не само на струја,  туку и на се друго.

„Сега каде и да влеземе има радијатор, а пред него има греалка, одма би ги укинал тие греалки со акт и тие трошат многу мора да изградиме култ кон штедење и ние и фирмите и институциите“ – додава Азески.

Откако Владата ги укина мерките за заштита од ценовни шокови кои беа донесени  во март, цените особено на основните производи доживеаа драстичен скок, поради што властите  им се налутија на трговците.

Посочија дека нивниот однос е некоректен, а цените се нерално високи. Најави инсепциии но и отворено дека ќе ги кажат сите оние кои  направиле вештачки скок на цените.

И од пазарна потврдија дека  за два дена направиле 60 тина контроли и кај одредени трговци е забележат раст на цените и за над 70  проценти кај  одредени производи.

Министерот Бектеши пак најави дека до крајот на неделава ќе се знае дали и со какви  мерки ќе се интеревира кај цените.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тревата пред Влада бара одговорност

Дејан Дејан

100 дена со Талат Џафери како технички премиер

Дејан Дејан

200 по 200 денари до 2,4 милиони евра, колку пари се собираат од давачката пристап до мрежа во сметките за струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе