Вести Македонија Најважни

Петков: Бугарија нема да прави ништо под притисок во врска со Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон, синоќа имале телефонски разговор со бугарскиот претеседател Румен Радев и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, соопштија од Елизсејската Палата.

Макрон е подготвен да ги пречека во Париз Ковачевски и Радев „кога ќе дојде време“ со цел да се склучи билатерален договор што ќе овозможи отворање на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ.

Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, „веќе неколку недели ја поддржува потрагата по решение за спорот меѓу двете земји“, потсети Елисејската палата. За време на разговорите, Макрон ја изрази својата „целосна поддршка за договор меѓу двете земји, како и почитување на основните права на граѓаните кои изјавуваат дека припаѓаат на други заедници или на малцинства.

Вчера, премиеорт Ковачевски рече дека се уште нема никаков предлог на маса од француското претседателство, а Скопје и Софија треба да изнајдат решение за отворените прашања. Неговиот бугарски колега пак, Кирил Петков денеска изјави дека Бугарија нема да прави ништо под притисок во врска со Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Очекувам да ја зајакнеме соработката – Зеленски со честитки до Силјановска за победата на изборите

Дејан Дејан

Случај спортски ваучери-Мојсоски, Каевски и Димевски ќе се јавуваат во судот, но ќе ги задржат пасошите

Дејан Дејан

Ако толку сакате да се борите, уште утре одете во Украина – Салвини со порака до Макрон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе