Вести Свет

Два милиона Британци страдаат од долгорочен Ковид

Рекордни два милиона луѓе во Велика Британија страдаат од Ковид на долг рок, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Околу 3,1 отсто од британското население има симптоми кои траат повеќе од четири недели по инфекцијата со Ковид-19, покажуваат новите проценки на ОНС.

Околу 376.000 луѓе кои биле меѓу првите заразени со коронавирус на почетокот на пандемијата пријавиле симптоми кои траат најмалку две години, а 826.000 луѓе имале симптоми најмалку една година. Приближно 1,4 милиони имале долгорочни симптоми најмалку три месеци по инфекцијата.

Најчести симптоми се замор, отежнато дишење, кашлица и болки во мускулите. Едно од пет лица со долгорочен Ковид вели дека способноста да вршат секојдневни активности е „многу ограничена“ поради постојаните симптоми.

ОНС соопшти дека долгорочниот Ковид-19 е почест кај жените на возраст од 35 до 69 години, луѓето кои живеат во посиромашните области, оние кои работат во образованието или здравствената заштита, оние со други болести и лицата со попреченост.

Бројките се засноваат на самопроценка на долгиот Ковид од репрезентативен примерок на луѓе во приватни домаќинства, собиран во текот на четири недели, до 1 мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По најавите од УХМР за нестабилно време, од „Паркови и зеленило“ со апел: Не ги паркирајте возилата под дрвја

Sonja Petrusevska

ЕСМ бара консултант да изработи студија за комбинирана гасна централа во Битола

Дејан Дејан

(Видео) Водата во Крушево е бактериолошки неисправна, мора да се преврива – да не се пие ниту од чешмите кај бензиската пумпа и кај Св. Петка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе