Активната блокада не е инстант акција, во понеделник на седница на Извршниот комитет, ќе се отвори дискусија и за вториот, и за третиот чекор, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијана Мицкоски од ул „Кочанска“ во населбата Пржино, Кисела Вода.
Ја надгледуваше реконструкцијата на асфалтот прудружувајќи го градоначалникот Орце Ѓоргиевски, и од граѓаните побара поддршка од 61 и пратеник на евентуалните предвремени парламентарни избори. Но, прво треба да се принуди собраниското мнозинство да распише избори, порача Мицковски.
Мицковски и премиерот Ковачевски се спротиставени околу однесување на пратениците во Собранието. Опозицијата дала шанса од 100 дена на владата која, пак, не ги исполнила очекувањата. Премиерот Димитар Ковачевски, освен што одбива предвремени избори одново повтори дека пратениците мораат да се однесуваат одговорно во законодавниот дом.
Додека, Ковачевски се фокусира на економско-енергетската криза, неговиот политички опонент веќе крои и изборни коалиции. Ако има избори, очекува долгогодишниот владин партнер ДУИ да замине во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со останатите партии од алабанскиот политички блок.
Пред два дена опозицијата почна со активна блокада на Собранието, откако власта не прифати да разговара за избори. По целодневните процедурални барања и реплицирања, и конфронтации беше изгласан дневниот ред на новата седница. Кренатите транспаренти Џафери „ги прочита“ како изјаснување со подигната рака, односно како 33 гласа „против“, наспроти 61 глас „за“ дневниот ред.
Павле Беловски
