Вести Македонија Најважни

Ќе има кривично одговорни за пожарот во модуларната болница во Тетово – наскоро ќе биде поднесено обвинението

За смртта на 14-те лица во пожарот во модуларната болница во Тетово има виновни.

Од Јавното обвинителство потврдија дека е лоцирана кривична одговорност, но дека се уште е во фаза на подготовка обвинителен акт.

Алсат денес објави дека Основното обвинителство во Тетово ќе поднесе пријави против три физички и едно правно лице, но од Јавното обвинителство не ги коментираат ваквите објави.

Од таму велат дека следниот период ќе биде поднесено обвинение, но без детали и дека јавноста ќе биде информирана кога ќе заврши постапката.

 „Предметот е во предистражна постапка. Лоцирана е одредена кривична одговорност. Реферирано е во државното Јавно обвинителство и обвинителниот акт е во завршна фаза, а кога ќе заврши ќе бидат објавени информациите за јавноста за лицата за кои е утврдена одговорност. Наскоро ќе биде поднесено обвинение“ – соопштија од јавното обвинителство.

За потребите на истрагата беа сослушани сведоците на настанот, како и одговорните лица во болницата, а во истрагата покрај 5-темина обвинители, беа вклучени и германски истражители.

Од извршените вештачења беше објавено дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, односно апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, а беа направени и вештачења на Технолошкиот факултет и од електроинженер.

Пожарот, во кој изгореа 14 лица, 12 пациенти и две лица придружба, се случи вечерта на 8 септември 2021 година.

На видеото од безбедносните камери се гледа како пациенти се спасуваат преку прозори, а објектот е во пламен, за три минути.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе